Андоновски запиша триумф во првиот меч со репрезентацијата на САД (ВИДЕО)

Македонскиот тренер Влатко Андоновски, кој неодамна го презема кормилото на женската фудбалска репрезентација на САД, успеа да слави во деби-мечот против Шведска со 3-2.

Андоновски го покажа својот квалитет и во пријателскиот меч, откако неговите фудбалерки поведоа со 3-0 за само 31. минута. Најпрво Лојд погоди во шестата минута за 1-0, а подоцна следеше и нејзин втор гол, но погодок и на Прес.

Во второто полувреме Американките се опуштија, па Шведска тоа го искористи и во 75. минута намали на 1-3, а четири минути подоцна и на 2-3.

Сепак, Андоновски не дозволи никакво изненадување, па ги однесе Американките до првиот триумф во неговиот прв меч на кормилото на репрезентацијата.