Шкендија по четири месеци му удри „клоца“ на Хуан Фелипе

Хуан Фелипе минатото лето стигна во Шкендија од екипата на Вардар, но по само четири месеци ја раскинаа соработката, зашто сметаа дека така е најдобро за двете страни.

Шкендија на официјалната веб-страна објави дека се разделиле со Бразилецот, откако вчера имале состанок, на кој била донесена конечната одлука.

Фелипе настапуваше во Вардар во 2015/16 и 2016/17, кога „црвено-црните“ ги освоија шампионските титули, а притоа и обезбедија пласман во групната фаза од Лига Европа.

Засега не е познато каде Фелипе ќе ја продолжи кариерата, но сигурно е дека тоа нема да биде Вардар, зашто ги разочара навивачите, откако во јули реши да го напушти скопскиот тим поради финансиската криза.