Фердинанд: Се шетав покрај куќата на Роналдо и видов десет луѓе во неговата соба…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е машина за голови и покрај неговите години.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал постигнува погодоци на различни начини и сите знаат дека е голем работник и дека постојано тренира и работи на својата форма.

Во тоа се уверил и самиот Рио Фердинанд, поранешниот соиграч на Роналдо во Манчестер Јунајтед кој и денес е воодушевен од начинот на кој Роналдо се грижи за својата кариера.

„Беше првата личност која сам сум ја видел како вложува во себе. Се шетав околу неговата куќа и видов десет луѓе во неговата соба. Си реков: Кои се тие луѓе? Што се случува“, се присетува Фердинанд.

Тогаш Роналдо му појаснил дека тоа е неговиот тим кој се грижи за него. Таму биле неговиот кувар, психолог, доктор, личен тренер, физиотерапевт…

„Замина од Манчестер Јунајтед за да стане најдобар во светот. Тој е како Леброн Џејмс, двајцата вложија многу пари во тоа да имаат соодветна опрема со цел нивното тело и нивниот ум да работат на највисоко ниво долги години“, додаде Фердинанд.

Ги советуваше младите дека треба да вложуваат во себе и своето тело и дека Роналдо би можел да им биде пример како треба да живее еден спортист.