Пресврт во случајот Нејмар: Бразилецот на маса доби неоечкувана понуда?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Нејмар сака да си замине од редовите на ПСЖ, а тоа го изјави и самиот играч ова лето.

Сепак, трансфер во летниот преоден рок не се реализираше, а речиси сигурно е дека Нејмар нема да си замине од клубот и во зимскиот преоден рок.

Наместо заминување, како што пишува „Л’Екип“, Нејмар би можел да добие нов договор кој ќе го задржи на „Паркот на принцовите“ најмалку до 2024 година.

Засега Нејмар има договор до 2022 година и е истиот оној кој го потпиша кога пристигна во клубот пред две години.