Ерера удри по раководството на Манчестер Јунајтед: На моменти си помислував дека фудбалот таму не е најважен….


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андер Ерера ова лето како слободен агент се пресели во ПСЖ по неколкугодишен престој во Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот фудбалер стана миленик на фановите на „црвените ѓаволи“ па многумина останаа разочарани кога тој се реши да го замени црвениот дрес со тој на ПСЖ.

Сега, Ерера призна дека на моменти чувствувал дека во Манчестер фудбалот не е најважна работа.

„Бев среќен во така неверојатен клуб како Манчестер Јунајтед. Многу им сум благодарен на навивачите. Всушност јас бев премногу среќен во Манчестер Јунајтед, но во клубот, имаше времиња кога чувствував дека фудбалот не беше сметан како најважна работа“ –изјави Ерера, а потоа беше запрашан дали парите биле поважни од фудбалот, на што Шпанецот само кратко одговори:

„Тоа не излезе од мојата уста“- ставајќи јасен знак дека во раководството на „ѓаволите“ се размислува многу повеќе за заработката на пари отколку на фудбалот на зелените терени.