Клоп го најави дербито: За мене Гвардиола е најдобар тренер во светот

Овој викенд, поточно утре од 17.30 часот, Ливерпул на свој терен го пречекува Манчестер Сити во меч во кој според многу мислења ќе се реши Премиер лигата.

Евентуалниот триумф на Редсите ќе ги однесе на големи 9 бодови предност, меѓутоа место за еуфорија нема, барем кај Јирген Клоп кој во очи на спектакуларното дерби потсети каков тренер има Манчестер Сити.

„Спрема Гвардиола имам најголемо почитување, тој за мене е најдобар тренер во светот. Голема работа е што можам да му бидам противник“, јасно порача Клоп, па се осврна само на натпреварот.

„Имаме шанса да победиме, но мораме да бидеме сите во врвна форма. Дури и продавачите на хот-дог, тоа го посакувам. Ако против Сити не одиграте храбро, тогаш немате никакви шанси да освоите ни бод. Позиционирањето на играчите мора да биде совршено, одбраната исто така“, истакна германскиот стратег.

Нема сомнение дека утре на Енфилд не очекува вистински спектакл.