Дончиќ со одличен настап до рекорд, Лејкерс газат сè пред себе во НБА-лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс засега не запираа, па на домашен терен го совладаа Мајами хит со 95-80, па така стигнаа до седум победи по ред за првпат уште од 2011 година.

Лидерите на Западот до нова победа ги предводеа Леброн Џејмс, кој постигна 25 поени и Ентони Дејвис, кој беше стрелец на 26 поени.

Голден Стејт без најголемите ѕвезди беше поразен на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 119-125, па така „Воините“ ја продолжуваат катастрофалната сезона, а не им помогна ни Д`Анџело Расел, кој постигна 52 поени.

Лука Дончиќ синоќа одигра одличен меч, но не успеа да го однесе Далас до нов триумф, откако Њујорк никс славеше со 106-102. Младиот Словенец постигна 38 поени, 14 скокови и 10 асистенции, па така стана најмлад кошаркар, кој запишал четири трипл-дабл во првите осум натпревари во една НБА-сезона.