Не бил проблемот само до Ковач: Левандовски кажа што не е добро во Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роберт Левандовски реши отворено да зборува за проблеми во Баерн Минхен. Полјакот не откри никакви тајни, само кажа свое мислење за резултатската криза, поради што тренерот Нико Ковач доби отказ.

Баерн многу се потпира на помладите фудбалери, но Левандовски смета дека тоа некогаш не е најдобро решение.

„Ако екипата се состои само од Ноер и Левандовски, тоа не е доволно. Ни треба лидер во секоја линија – на голот, одбраната, средниот ред и нападот. Помладите фудбалери се многу резервирани и имаат проблем со јазикот. Но два или три месеци во нова држава би требало да бидат доволно за разбирање и тоа го очекуваме“, порача Левандовски.