Рикиардо го провоцира Хамилтон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтонн пред една седмица стигна до својата шеста титула светски шампион во Формула 1.

Многумина сметаат дека една од причините зошто тој ја освои титулата е недостаток на тимска конкуренција, односно Валтери Ботас не е доволно добар да го предизвика Британецот.

Даниел Рикиардо, шоферот на Рено смета дека доколку тој би бил во тимот со Хамилтон, многу потешко ќе му биде на Британецот.

„Ќе бидам директен. Верувам во себе. Не сакам да го потценувам Валтери или било кој друг во тој болид кој не победуваше“, рече австралискиот возач.

Пред да дојде во Рено, Рикиардо возеше во Ред Бул и во меѓусебниот дуел беше подобар од Себастијан Ветел, но по доаѓањето на ВЕрстапен во австрискиот тим одлучи да замине.

Тој во Формула 1 е од 2011. година а на 169 трки успеа да оствари седум победи, на подиумот има зашршено 29 пати. Најдобри пласмани во генералниот поредок имаше во 2014. година и во 2016. кога беше трет.