Помошник тренерот на Далас му удри шамар на Дончиќ, Словенецот веднаш реагираше! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е на вистински пат да стане можеби и најдобриот Европеец во историјата на НБА-лигата, иако има само 20 години.

Дончиќ речиси секој натпревар руши по некој рекорд, а Словенецот и синоќа беше на одлично ниво, па во победата на гости кај Мемфис Гризлис (138-122), кошаркарот постигна дабл-дабл, односно постигна 24 поени и 14 скокови, како и осум асистенции.

Дончиќ на мечот имаше и една непријатна ситуација, зашто во шега доби шамар од Јамахл Мозли, еден од помошниците на Рик Карлис.

Според реакцијата на Словенецот може да заклучиме дека не му беше мило поради потегот на неговиот тренер, но за среќа не реагираше со иста мера.