Пеколен старт на „Енфилд“: Ливерпул двапати го стресе Манчестер сити (ВИДЕО)

Ливерпул успеа за само 13 минути да го стресе големиот ривал Манчестер сити дури двапати, па сега се наоѓа блиску до победата, иако има уште долго да се игра до крајот на „Енфилд“.

„Црвените“ стигнаа до првиот погодок преку Фабињо, кој испрати вистинска бомба кон голот на „граѓаните“ и едноставно немаше бранење.

Неколку минути подоцна Мохамед Салах искористи одлична топка и повторно ја затресе мрежата на Сити за предност од 2-0.