Милан не може да го најде „лекот“ за Јувентус: Дибала ги суреди „росонерите“ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус успеа да добие уште едно италијанско дерби против Милан, откако на домашен терен славеше со 1-0 благодарение на погодокот на Пауло Дибала.

Мора да се признае дека Милан беше рамо до рамо со нивниот вечен ривал, но немаа среќа при ударите кон голот на противникот, а тоа знаеше да го казни Дибала во 77. минута, кој ги постави конечните 1-0.

Милан никако да излезе од катастрофалната форма, па го запиша вториот пораз по ред и сега се наоѓа на 14. позиција во Серија А, додека Јувентус е прв со еден бод повеќе од Интер.