Гедбан и Дибиров во топ-5 најдобри потези во ЛШ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар ослабен против Кјелце успеа да извлече бод во СЦ „Јане Сандански“, па благодарение на одличниот настап на ракометарите, а двајца од нив добија место меѓу најдобрите.

Голманот Калиба Гедбан доби место во најдобрите пет одбрани, додека Тимур Дибиров беше меѓу најдобрите при постигнување на погодоци.

Вардар одигра нерешено со Кјелце во големото дерби, а Гедбан конечно почна да брани како што се очекува од него, па поради тоа се најде на петтата позиција, а неговата интервенција може да се погледне ТУКА.

Дибиров од друга страна го освои четвртото место на листата со најубави погодоци, а голот може да го погледнете ТУКА.