Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со 8 медали од“Перник Опен 2019” –Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендов во Перник соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар , дисциплина спаринг до 18 години,на кој зеде и нашиот најдобар клуб Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”  од Лескоец-Охрид.

На овој натпревар таеквондистите од Охрид настапија со 10 натпреварувачи , од кои 8 се закитија со медали , и тоа со еден златен , ва сребрени и пет бронзени медали.

„Познато ни е дека  Бугарија е една од најсилните федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал, конкуренцијата беше  голема и квалитетна,иако на овој турнир ждрепката не беше на  наша страна, а секако и покрај судиската пристрасност  нашите натпреварувачи успеаја да освојат 8 медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 5 бонзени медали. Имавме прилика да  ги гледаме, а и некој од нашите натпреварувачи и да се нарпареваруваат со репрезентативците  на  Бугарија до 18 години. Најголемо изненадување ни приреди Јохан Парулески кој е дебитант , при што го заработи неговиот прв златен медал во неговата категорија,кој во финалето ги победи и судиите и се искачи највисоко на пиедесталот.  Елена Јанеска  која е се поблиску до оствраување  норматив за Европско првенство, и овај пат докажа дека е врвен спортист, која во полуфинале победи убедливо над домашната претставничка , додека во финале се најде со репрезентативката на Бугарија , која во Плевен ја победи во финале,но овај пат загуби во финалето од судиите, освојувајќи сребрен медал. Давид Крстески прва борба падна со Европскиот вицешампион Љубомир Дракалски , како и прошлиот пат и овај пат имаа израмнета борба и со мала помош од судиите понатака  продолжи домашниот претсавник. Додека Давид Велковски во полуфинале падна со репрезентативецот на Бугарија, и беше поразен од судиите иако беше  доминантен во борбата над неговиот противник , демонстрирајќи врвна техника .Марио Крстески во финале изгуби заслужено, при што противникот заслужено го зеде првото место во нивна категорија, претходно во полуфинале совладувајќи го нашиот дебитант Никола Балчески. Од нашите дебитанти ,повторно  бевме пријатно изненадени, кои освоија  бронзени медали Христијана Парулеска ,Софија Колушоска ,Никола Балчески и Михаил Јоноски. На овај турнир со медал не се закитија само Давид Крстески и Димитар Андрески  за кого беше ова прв натпревар“ –изјави тренерот  и претседателот  на клубот Марјанчо Лазаревски носител на црн V појас дан,.

Освојувачи на медали се:

Јохан Парулески                1 место    категорија деца  8-9 год. -50 кг

Елена Јанеска                     2 место    категорија кадетки 12-13 год. +60 кг

Марио Крстески                 2 место   категорија јуниори   14-15 год. -50 кг

Никола Балчески               3 место   категорија јуниори   14-15 год. -50 кг

Христијана Парулеска      3  место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг

Софија Колушоска             3  место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг

Михаил Јоноски                 3 место    категорија кадети 12-13 год. -50 кг

Давид Велковски               3 место   категорија јуниори   16-17 год. -69 кг