Мурињо: Првенството во Англија е завршено, Ливерпул не може никој да го запре!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо верува дека никој не може да го запре Ливерпул на патот кон титулата во Премиерлигата.

Ливерпул во 12. коло го победи Манчестер сити со 3-1 на „Енфилд“ и сега има осум бодови повеќе од Челси и Лестер, односно девет од Сити.

„Верувам дека првенството е завршено, освен ако не се случи нешто драматично во инишот на мечот. Едноставно, Ливерпул не може никако да ја загуби оваа предност“, вели Мурињо.

Ливерпул нема пораз во Премиерлигата по 12 кола, а единствени бодови кои ги згубија беа на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед (1-1).

По репрезентативната пауза тие играат против Кристал Палас, а Челси гостува кај Сити.