Бартомеу посочи уштеколку години ќе остане Меси на „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу истакна дека клупската легенда и со сигурност еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер во историјата на клубот, Лионел Меси би можел да остане во Каталонија и во следните пет години.

Аргентинецот има договор до 2021 година во кој има клаузула тој да си замине од клубот бесплатно ова лето.

„Сигурно дека тоа е желба на сите, Меси да посака да го продолжи договорот. Тој мора да одлучи. Го има правото да одлучи кога ќе запре да игра фудбал, но како што рече пред неколку недели, тој сака да ја заврши кариерата во Барселона. Во следните две или три сезони, наш лидер ќе продолжи да биде Лео Меси. Не се сомневаме во тоа, тој се уште е силен и амбициозен.Па, Лео Меси ќе игра во следните, две, три, четири или пет години, немам сомнеж околу тоа“ – изјави Бартомеу.