Го платија 30 милиони евра, а тој се однесува како – мало дете!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот италијански напаѓач Мојсе Кин летоска го напушти Јувентус и потпиша за Евертон, кој за услугите на 19-годишниот фудбалер плати речиси 30 милиони евра.

Италијанскиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 11 натпревари во сите натпреварувања и не успеа да постигне ниту еден гол.

Минатата сезона одигра неколку одлични меча во Јувентус, но многумина сметаа дека Евертон направи грешка кога плати 30 милиони евра за неговите услуги.

На Кин не му оди најдобро во Евертон, а тоа најдобро го покажуваат и информациите од Англија, според кои младиот фудбалер по вторпат е казнет сезонава поради тоа што задоцнил на тренинг.

Тој патувал со екипата во Саутемптон, но на крајот остана на трибини и не беше во конкуренција за мечот.