Оди по стапките на Погба? Голем талент одбил да потпише нов договор со Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе нема дилеми за иднината, зашто талентираниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Тахит Чонг не сака да го продолжи договорот со екипата.

Англиските медиуми објавија дека Чонг сезонава одигра четири меча за Јунајтед и ќе го напушти клубот како слободен фудбалер во јуни.

Тој последен пат се појави во тимот против Њукасл во поразот од 0-1 пред повеќе од еден месец. Очигледно, не сака да остане, па Оле Гунар Солскјер нема да му даде шанса до крајот на сезоната.

Наводно, за младиот фудбалер е заинтересиран Јувентус, чии скаути веќе го следеле и му бил понуден договор, исто како што се случи со Пол Погба во 2012 година.