Сопругата на Шумахер крие мрачна тајна за состојбата на легендарниот возач во Ф1?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер ги изненади сите со тврдењата дека сопругата на легендарниот возач во Формула 1 ја крие вистината речиси шест години од несреќата. Седумкратниот светски шампион доби повреда на главата во 2013 година при скијање.

Вебер тврди дека сопругата на Шумахер, Корина се обидува да го спречи да го види својот пријател, зашто се плаши дека ќе се открие мрачната вистина.

„Знам дека Шумахер е во лоша состојба, но за жал не знам каков напредок е постигнат. Корина ме спречи да го видам. Веројатно се плаши дека ќе ја откријам вистината, откако ќе го видам и затоа не ме пушта да го видам, но знам дека Михаел е борец и ќе успее да излезе на крај“, порача Вебер.