Македонија до 19 години утре против БиХ го отвара квалификацискиот турнир


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 19 години утре го започнува квалификацискиот турнир за пласман во елитнити квалификации за Европското првенство.

Младите фудбалери утре со почеток од 13:00 часот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го отворат квалфикацискиот турнир.

Фудбалерите Агон Елези и Давид Тошевски за сајтот на ФФМ порачаа дека се надеваат на позитивен резултат.

– Навистина ми е чест што сум дел од репрезентацијата, за фудбалери на наша возраст е многу значајно што добиваме шанса да ги покажеме квалитетите и на ова ниво. Нѐ очекува силен турнир со натпревари кои ќе бидат вистински предизвик. Сите во тимот сме позитивни со желба и мотив да направиме добар резултат. Утрешниот натпревар против БиХ е исклучително важен, но ние се подготвуваме добро, долго сме заедно и се надеваме дека ќе се прикажеме во најдобро светло. Ќе ја бараме победата, но и поддршката од љубителите на фудбалот на утрешниот меч, изјави Агон Елези.– Одработивме добри подготовки, сите сме максимално спремни и со нетрпение го очекуваме првиот натпревар. Атмосферата меѓу нас е одлична, се надевам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот против Босна и Херцеговина. Ќе биде тежок натпревар, противникот исто така ќе ја бара својата шанса, но со исполнување на задачите од стручниот штаб сметам дека имаме можност и квалитет за добар резултат, изјави Давид Тошевски.

Англија и Луксембург кои исто така се во нашата група својот натпревар ќе го играат во истиот термин на стадионот во Ѓорче Петров.

Фото: ФФМ