Нов ден нова информација за Нејмар: Бразилецот се уште…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ пренесува нова информација поврзана со бразилската супер ѕвезда, Нејмар.

Имено, според овој весник Нејмар се уште сака да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона од каде замина за Париз пред две години.

Ова лето Нејмар не успеа да се врати на „Камп Ноу“ па беше дочекан „на нож“ од навивачите на ПСЖ поради тоа што јавно кажа дека сака да си оди од клубот.

Потоа излегоа информации дека тој сепак се решил да остане во ПСЖ и да ја продолжи соработката со клубот, меѓутоа сега „Мундо Депортиво “ пренесе сосема други вести.