Реал Мадрид е спремен да понуди 400 милиони евра за Мбапе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид наводно е спремен да го постави новиот рекорд кога се во прашање трансферите во обид да се доведе Килијан Мбапе.

Според пишувањето на Le Parisiena, кралскиот клуб е спремен да даде понуда од неверојатни 400 милиони евра за 20 годишниот Французин.

Моменталниот рекорд го држи Нејмар кој во 2017. година направи трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Мбапе веќе некое време е на радарот на Реал Мадрид и голема желба на Флорентино Перез кој ова лето сепак не успеа да го доведе, но и понатаму тој не се откажува.

Играчот на ПСЖ имаше неверојатна сезона позади себе кој на 43 натпревари постигна 39 погодоци и имаше 17 асистенци и поради тоа доби безброј пофалби.

Парижаните од друга страна се заинтересирани за Виницус Јуниор, па според пишувањето на Diario Sport тој би можел да биде клучен фактор во обидот за двете страни да постигнат договор околу Мбапе.