ПСЖ го отвори ќесето за Икарди: Само што почна сезоната, а веќе го имаме – трансферот на годината!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ е задоволен со напаѓачот Мауро Икарди и планира да ја активира откупната клаузула во износ од 65 милиони евра, барем така тврдат италијанските медиуми.

Тренерот Томас Тухел е презадоволен со аргентинскиот фудбалер, кој беше стрелец на девет гола во последните десет меча, па не штеди комплименти на негова сметка, но инсистира и кај спортскиот директор Леонардо да го задржат.

Шампионот на Франција подготви и повисока плата за Икарди од сегашните девет милиони евра на 12 милиони и тоа без бонуси, што е многу повеќе отколку што би добил во Интер (7,5 милиони евра).

Сигурно и „нераѕурите“ ќе бидат задоволни од финансиската инекција, посебно поради тоа што тренерот Антонио Конте не смета на Аргентинецот.

ПСЖ го отвори ќесето за Икарди: Само што почна сезоната, а веќе го имаме – трансферот на