Американски коментатор крена „прашина“: Ајде да го вратиме Дончиќ во Словенија! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ игра неверојатно во дресот на Далас Маверикс сезонава, па навивачите се воодушевени од неговите настапи.

Словенецот покажа зошто е дел од најсилната лига во светот, а синоќа успеа да постигне 34 поени во поразот од Бостон Селтикс (106-116).

Ниту коментаторите на телевизиските преноси не штедеа комплименти на метка на Дончиќ, а една станица која е наклонета кон Бостон крена голема „прашина“ поради шега за младиот кошаркар.

Во преносот можеше да се слушне како еден од коментаторите кажа дека Дончиќ се забавува на паркетот, поради што следеа зборови кои не им се допаднаа на неговите фанови.

„Дончиќ доаѓа од Словенија, мора да го испратиме назад. Купете му карта во еден правец“, дофрли другиот коментатор.

Видеото може да се погледне ТУКА.