Реал Мадрид го плати повеќе од Модриќ и Роналдо, а тој воопшто не игра!

Реал Мадрид на почетокот на летото му плати 50 милиони евра на Порто за Едер Милитао, па тој стана осми најскап дефанзивец во историјата на клубот.

Пет месеци подоцна Милитао има само три настапи како првотимец, иако Реал од почетокот на сезоната одигра 16 меча.

Младиот стопер беше фантастичен во Португалија, а Реал уште минатата зима покажа желба за него, но сепак тој изгледа не бил најдобар избор, зашто уште на презентацијата не му беше добро.

Пред Милитао е тешка задача за да се избори во место во тимот бидејќи таму се неприкосновените Серхио Рамос и Рафаел Варан, а иако може да игра како дефанзивен фудбалер за врска, таму недопирлив е Касемиро.