Ги излудуваше фановите со своите облини, а сега реши да се повлече од тенисот! (ФОТО)

Познатата тенисерка од Словачка, Доминика Цибулкова, која беше една од најдобрите во светот, реши да ја заврши кариерата поради проблеми со Ахиловата пета.

Поранешната ривалка на Ана Ивановиќ и освојувачка на осум ВТА-титули ја објави својата одлука на Инстаграм профилот.

„Денеска со помешани чувства имам посебни вести да споделам. Како што знаете, не одиграв ниту еден турнир периодов. Тоа е поради повредата со Ахиловата пета, која ме натера да се повлечам од тенисот. По многу размислување и поддршката која ја добив од семејството и пријателите решив да се повлечам од тенисот. Ова е момент исполнет со многу чувства. Тага, страв и многу други“, порача таа.