Официјално: Арсен Венгер се врати на фудбалот

Неколку недели откако сериозно се поврзуваше со Баерн Минхен, Арсен Венгер најде нова работа.

Легендарниот 70 годишен француски стратег ја прифати понудата на ФИФА и стана шеф на глобалниот фудбалски развој.

Со ова, Венгер ја доби својата прва фудбалска работа откако во 2018 година си замина од редовите на Арсенал по цели 22 години.

Со ова назначување станува јасно дека Арсен Венгер нема да седне на клупата на Баерн Минхен, барем ни до крајот на сезоната.