Тахит Чонг се огласи за наводното заминување од Манчестер Јунајтед и не отфрли никаква можност: Се уште е …

Еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг се поврзува со заминување од клубот по крајот на оваа сезона.

19 годишниот холандски фудбалер ќе стане слободен агент по крајот на тековната сезона и ќе има можност да бира во кој клуб сака да ја продолжи кариерата. Според најавите, Јувентус е сериозно заинтересиран да му понуди можност за првотимски фудбал.

„Се уште е рано сега.  Уште сум фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сезонатае во полн ек. Мојот фокус е на тоа, играње за Манчестер Јунајтед. Договорот треба да дојде природно, засега сум фокусиран само на оваа сезона“ –изјави Чонг.