Барселона посакува двајца фудбалери од Серија А за во летниот преоден рок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона сериозно ќе тргне по услугите на двајца фудбалери кои во моментов настапуваат во италијанскиот шампионат.

Станува збор за Фабијан Руиз од Наполи и Родриго Бентанкур од Јувентус кои ќе бидат топ цели за средниот ред на „каталонците“ во летниот преоден рок.

Според „АС“ Барселона на трансферите на овие двајца фудбалери треба да потроши околу 100 милиони евра. Руиз би чинел околу 65 милиони, додека пак Бентанкур би дошол за 35милиони евра.