Јувентус го снема и од „Football Manager“: Еве како ќе се вика клубот од Торино на популарната игра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екслкузивниот договор помеѓу Јувентус и Конами за популарната игра „ПЕС 2020“ му донесе многу проблеми на клубот со игрите кои исто така се многу популарни во светот на фудбалот, ФИФА 20 и Football Manager.

Имено како што е случајот на ФИФА каде Јувентус е наречен Пиемонте Калчо поради тоа што го нема договорот со ЕА Спортс, клубот ќе има променето име и на Football Manager.

Таму, Јувентус ќе биде наречен само „Зебри“ алудирајќи на нивниот прекар. Познато е дека Јувентус освен како „Старата дама“ го нарекуваати „Зебри“ поради специфичните дресови кои ги носат.