Играчот на Тотенхем: Сакаа да ме продадат, но нема да заминам никаде додека не ми истече договорот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се шпекулира дека исти приказни најверојатно ќе се појават и во јануари, но тој нема да ги напушти Спaрсите

Тотенхем ова лето имаше доста турбуленции во тимот и тоа на крајот влијаеше и на неговите резултати.

Имаше играчи кои сакаа да го напуштат клубот, но управата тоа не им го дозволи, но најверојатно имаше и обратни ситуации.

Имено, Дани Роус изјави дека управата на клубот сакала да го продаде ова лето, но тој ја имаше целосната поддршка од Маурисио Покетино и покрај тоа што имаше неколку грешки во текот на изминатата сезона.

„Прилично е очигледно што се случи ова лето. Поединци во Тотенхем пробаа да направат тоа што го направија. Им кажав дека ми преостануваат уште 18 месеци од договорот и дека не мислам да си заминам било каде додека мојот договор не истече“, изјави Роус.

„Во јануари најверојатно ќе слушнете нешто за мојата идина. Ве уверувам дека моментално нема да заминам никаде додека мојот договор не биде завршен“.

„Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви уште летото ми кажа дека во Тотенхем нема да има простор за нов договор за мене, што е во ред. Јас тоа го почитувам. Одиме понатаму.“

„Мојот договор ќе истече за 18 месеци и тогаш ќе го напуштам овој фудбалски клуб. Луѓето во медиумите можат да го заштедат своето време доколку пробуваат да ги спремаат работите за тоа на кој да ме продадат во јануари, бидејќи можам да ви кажам уште сега: Тоа нема да се случи!“