Ванда ги почна преговорите: Икарди и дефинитивно не се враќа во Милано


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди игра одлично на позајмица во ПСЖ, кадешто постигна девет гола на десет натпревари и парижаните се презадоволни со неговите настапи.

Икарди нема место во Интер, па поради тоа ПСЖ сака да го откупи следното лето за 65 милиони евра, а дека се сериозно покажува  фактот што веќе закажале состанок со сопругата и агент на фудбалерот, Ванда Нара.

Напаѓачот ќе добие петгодишен договор со ПСЖ, а условите засега не се познати, но сосема сигурно францускиот шампион нема да штеди за платата на Аргентинецот.

Аргентинскиот фудбалер во кариерата, пред Интер, настапуваше и за Сампдорија, а го носеше и дресот на младинските селекции на Барселона.