Господски потег: Гвардиола испрати писмо до навивачите кои заминаа во Украина поради Сити!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити пред еден месец на гости го победи Шахтјор со 3-0 во мечот од првото коло во групната фаза во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ на најдобар начин ја почнаа новата сезона во елитното натпреварување, а Сити на мечот имаше и поддршка од своите навивачи, па клубот објави дека 114 од нив заминале во Украина.

Тренерот Пеп Гвардиола реши на секој од тие фудбалери да му испрати писмо и да се заблагодари затоа што биле покрај тимот на далечното гостување.

„Мил Дарен во среда на 18 септември ти и уште 113 навивачи заминаа на далечен пат и ни дадоа поддршка против Шахтјор. Ја користам оваа шанса да се заблагодарам. Мило ни е поради победата, а вашата поддршка многу значи“, порача Гвардиола.