Роналдо против Луксембург има можноста да постави неверојатен рекорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е на прагот да постигне уште еден неверојатен рекорд во дресот на репрезентацијата.

Роналдо синоќа во квалификациите против Литванија постигна хет-трик во победата од 6-0, а со тоа стигна до бројката од 98 постигнати голови во дресот на Португалија.

За два дена, во мечот против Луксембург, ќе има шанса да стигне до 100 погодоци, па така ќе стане втор фудбалер во историјата на кој му успеало тоа.

Роналдо во моментов е на второто место по број на голови за националниот тим, а пред него е само Али Даи од Иран, кој постигнал 109 голови за својата држава.

Португалецот за репрезентацијата одигра 163 натпревари досега, а интересно е да се види дали ќе стигне и до бројката од 200 дуели.