Иско донесе конечна одлука за својата иднина во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Иско донел конечна одлука за својата иднина, па наводно планира да го напушти Реал Мадрид, кадешто не добива голема минутажа во екипата.

Тренерот Зинедин Зидан не му верува на шпанскиот репрезентативец, па поради тоа Иско нема друг избор, освен да го напушти „кралскиот клуб“.

За Шпанецот постои гоелм интерес, а тоа треба да покаже колку е голем неговиот квалитет. Во битката предводат Јувентус и Манчестер сити, а наводно за него ќе се вклучат и ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Доколку пристигне примамлива понуда на „Сантијаго Бернабеу“, тогаш Реал Мадрид нема да размислува многу и сигурно ќе го продаде Шпанецот, а со добиените пари плус други средства ќе се обиде да го добие Кристијан Ериксен од Тотенхем,