Новинарите го „пецнаа“ Клоп за Ибрахимовиќ, па Германецот им одговори во негов стил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Галакси потврди синоќа дека Златан Ибрахимовиќ нема да остане во клубот, па во јануари ќе може да си бара нова екипа.

Ибрахимовиќ на крајот на следниот месец останува без договор, па во јануари ќе може да си избере нов клуб.

Според зборовите на 38-годишниот напаѓач, може да се очекува дека ќе се врати во Европа, а новинарите ги интересираше што ќе одговори Јирген Клоп на можноста да го ангажираат Швеѓанецот.

„Да не играше за Манчестер јунајтед можеби ќе размислевме да го ангажираме. Не сум сигурен дека тој сака да игра за нас, зашто ова е силен тим. Го почитувам многу Златан и неговата кариера. Тој е одличен човек и се надевам дека ќе игра уште неколку години“, порача Клоп.