Лејкерс на крилјата на Леброн до десетти триумф, ново шоу на Харден за победа на Хјустон (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни осум натпревари во НБА-лигата, а посебно интересно беше во „Стејпл центарот“, кадешто Лос Анџелес Лејкерс славеше со 99-97 против Сакраменто кингс и стигна до десетта победа во сезоната.

Кингс беа подобри во поголемиот дел од првото полувреме, но домаќинот набрзо се врати во игра, па на пауза со предност замина екипата од Сакраменто со 50-40.

Лејкерс во второто полувреме додаде гас и стигна до триумфот, иако Кингс во ниту еден момент не сакаше да се предаде.

Домаќините до триумф ги предводеше Леброн Џејмс, кој постигна 29 поени и 11 асистенции, а Ентони Дејвис постигна 17 поени.

Џејмс Харден беше фантастичен во победата на Хјаустон Рокетс против Пејсерс со 111-102.

Останати резултати:

Шарлот – Детроит 109-106
Орландо – Сан Антонио 111-109
Мемфис – Јута 107-106
Минесота – Вашингтон 116-137
Оклахома – Филаделфија 127-119
Голден Стејт – Бостон 100-105