Вардар уште еднаш убедливо поразен, Кјелце победи со десет голови разлика


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар доживеа нов убедлив пораз, овој пат од тимот на Кјелце којво полска победи со 35:25.

Домашниот тим ја контролираше играта уште од самиот старт и во ниту еден момент не дозволи нашиот претставник да им се доближи.

Вардар некако се држеше во првиот дел, а во вториот доживеа тотален распад кога единствен тим на теренот беше Кјелце.

Тимур Дибиров натпреварот го заврши со девет постигнати погодоци, Стоилов броеше до шест, додека Скубе застана на пет гола. Во следното коло Вардарци ќе гостуваат во Белорусија кај Брест Мешков.