Храбрата Македонија поразена на „Ернст Хапел“, Стојановски со деби гол за репрезентацијата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Макоднија доживеа пораз на гостувањето на „Ернст Хапел“ кај Австрија со 2:1.

Со оваа победа Австрија се пласираше на Европското првенство кое ќе се одигра во 2020 година.

Давид Алаба уште во 7. минута го отвори резултатот откако ја искористи грешката на потесната одбрана на нашата репрезентација. За вториот погодок се чекаше до почетокот на второто полувреме кога Лаинер погоди за 2:0.

Македонија стигна до почесен погодок во финишот на натпреварот преку Влатко Стојановски кој го даде својот деби гол занашата репрезентација.

Напаѓачот на Ним претходно имаше две големи шанси за да постигне гол, но не успеа да го матира домашниот голман.

Вреди да се напомене и одличниот удар на Енис Барди кој замалку ќе го совладаше голманот на Австрија директно од корнер.