Далас пак победи на крилјата на Дончиќ, Харден постигна 49 поени (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Далас Маверикс предводени од Лука Дончиќ стигнаа до седмата победа сезонава и тоа со 110-102 против Торонто Репторс, а Словенецот постигна 26 поени, 15 скокови и седум асистенции.

Во екипата на Далас важен беше и Криштапс Порцингис, кој постигна 20 поени и 15 скокови, додека кај Торонто најдобри беше Пауел со 26 поени.

Лос Анџелес Клиперс славеше против Атланта со 150-101, а Пол Џорџ постигна 37 поени, додека 25 додаде Лу Вилијамс.

Портланд со 121-116 го реши Сан Антонио, а МекКолум постигна 32 поени. Хјустон беше подобар од Минесота со 125-105, а Џејмс Харден броеше до 49 поени, додека Таунс имаше дабл-дабл со 27 поени и 15 скокови.