Верувале или не: Ги победи противниците со 27-0, па си доби – отказ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Постојано слушаме за необични потези во светот на фудбалот, но дефинитивно последниот ги надмина сите граници, а причината поради отказот на тренерот е неверојатна.

Младиот тим на Ивиктасауро ја победи Марина калчо со 27-0, а по мечот тренерот на победниците добил отказ, зашто управата сметала дека тоа не е спортски и не е фер потег.

„Бевме изненадени и тажни кога слушнавме дека нашиот јуниорски тим ја победил Марина калчо со 27-0. Вредностите на младинскиот фудбал се во спротивност со тоа. Противникот мора да го почитувате, а тоа не се случи овој пат“, порачаа од клубот.

На крајот се извинија од победничкиот клуб за високиот пораз, а тренерот доби отказ затоа што е срамно да се понижи противник на ваков начин.