Роналдо: Ако бев Бразилец, сега Бразил ќе имаше уште пет титули!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристијано Роналдо разговарал со неговиот соиграч од Јувентус, Данило и му порачал дека ако тој бил Бразилец, тогаш тие ќе освоеле пет светски првенства.

Данило со Роналдо играше во Реал Мадрид, а сега со Португалецот ја дели соблекувалната во Јувентус.

„Роналдо и јас се познаваме од Реал Мадрид, а убаво е тоа што можам пак да играм со него. Ми кажа дека би можеле да освоиме уште пет светски првенства ако играл тој за Бразил“, вели Данило.

Бразилосвои повеќе светски првенства од било која друга репрезентација – пет,а Итлаија и Германија ги следат со по четири трофеи.

Роналдо нема титула од светско првенство во Португалија, но во 2016 година го освои Европското првенство.