Реал Мадрид полн со оптимизам : „Кралевите“ прават трампа со „ѓаволите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека во Реал Мадрид се сигурни дека ќе го добијат францускиот репрезентативец Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Зинедин Зидан сака да соработува со Погба во Реал, а таква намера има и претседателот на клубот, Флорентино Перез.

„Кралевите“ сметаат дека Манчестер го посакува Герет Бејл, па уште во јануари би можеле да ја направат трампата.

Бејл остана во Мадрид во текот на летото, иако доби голема понуда од Кина, па досега одигра седум меча и постигна два гола, но неговиот однос со Зидан нес е поправи.

„Кралевите“ сметаат дека тој е клучот за ангажирање на Погба, па останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата во зимскиот преоден рок.