Германија постави рекорд кој ретко ќе го стигне некој


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Квалификациите за Германија се само формалност, а тоа го покажуваат и резултатите на оваа селекција. Иако можеби на нив им требаше малку подолго време да се пласираат на Евро 2020, сепак пласманот на завршниот турнир не го пропуштија ни овој пат.

Германците синоќа славеа со 4-0 против Белорусија и го потврдија своето учество на завршниот турнир. Тоа значи дека тие по 13. пат по ред ќе настапат на Европското првенство.

Серијата ја почнаа во далечната 1972 година и тешко може да се верува дека ќе биде прекината, зашто како организатори на турнирот во 2024 година веќе обезбедјиа настап.

Инаку, како еден од 12 домаќини на завршниот турнир веќе е познато дека Германија ќе биде сместена во групата Ф и ќе игра во Минхен.