Навивачите го осудија Кристијано Роналдо дека намерно го „украл“ голот на својот соиграч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Јувентус вчера го постигна 99. гол во дресот на Португалија.

Рерпрезентацијата на Португалија денес го порази Луксембург во гости со резултат од 2:0 и така го потврди својот настап на Европското првенство.

Погодоците за гостите ги постигнаа Фернандес во 39. минута и Кристијано Роналдо во 86. минута, но голот на играчот од Јувентус предизвика различно мислење кај навивачите.

Имено, Диего Јота во таа ситуација практично го совлада голманот на домашните, но сепак, на крајот Роналдо беше тој кој ја „закуца“ топката и така стигна до 99. гол во дресот на Португалија.

Баш поради тоа навивачите сметаат дека Роналдо го „украл“ голот на својот соиграч за да биде уште еден чекор поблиску до бројката од 100 постигнати погодоци во дресот на Португалија.

 Многумина од нив се присетија и на ситуацијата која се случи неодамна кога Арон Ремзи го „украде“ голот на Роналдо после што Португалецот не беше среќен и Ремзи пријде и му побара извинување.