Брајан ги изненади сите со доаѓањето на натпреварот на Лејкерс, а Џејмс едноставно мораше да реагира


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЛА Лејкерси синоќа пред своите навивачи го поразија тимот на Атланта Хокс со резултат од 122:101, а ЛеБрон Џејмс повторно одигра одличен натпревар.

Џејм го водеше својот тим до нова победа и имаше придонес од 33 поени, 12 асистенции и седум скокови.  Сигурно беше мотивиран до максимум кога до паркетот ја виде најголемата легенда на Лејкерси, Коби Брајан.

Брајан дојде да ги поддржи кошаркарите на својот поранешен тим во кој ја помина скоро цела кариера. Коби доби неверојатни овации од трибините.

Џејмс после едно забивање му пријде на Коби и го поздрави, а со тоа ги воодушеви навивачите на Лејкерс. Кинг Џејмс после тоа објави на својот Инстаграм профил:
„Само пробувам да го продолжам наследството кое ти го остави позади себе и да те направам горд“, изјави Џејмс.