Луис Хамилтон казнет, Карлос Саинц за историја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул Хонда, Макс Верстапен победи во оваа исклучиво возбудлива трка за големата награда за Бразил.

Втор кој помина низ целта беше Пјер Гасли во болидот на Торо Росо, додека ново-стариот светски шампион, Луис Хамилтон се качи на подиумот како трет.

Меѓутоа, бидејќи е под истрага поради сударот со Александер Албон, Хамилтон после трката беше казнет на пет секунди и тој заврши на седмата позиција.

Таа казна имаше значење за Карлос Саинц, кој стигна до историски резултат. Шпанецот на крајот заврши трет што е најдобар резултат на Мекларен од март 2014. година и големата награда на Австралија.

Инаку, трката во Бразил е прва во хибридната ера на Формула 1, а да нема возачи на Мерцедес и Ферари на подиумот.

На Валтери Ботас му откажа моторот по што мораше да се откаже, додека Себастијан Ветел и Чарлс Леклерк меѓусебно се судрија и така еден со друг се избркаа од трката.