Кристијано Роналдо за прв пат прозборе за Сари и неговата измена: „И покрај тоа што бев повреден…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Португалија синоќа во гости ги победи Луксембург со резултат од 2:0 и така на најдобар начин ги заврши квалификациите за Европското првенство.

Португалците го осигураа пласманот на завршниот турнир каде ќе ја бранат титулата која ја освоија во Франција. Нов гол во дресот на Португалија постигна Кристијано Роналдо за кого тоа беше 99. погодок во дресот на репрезентацијата.

По натпреварот Роналдо беше расположен за изјави, а за португалските медиуми прозборе и за ситуацијата во Јувентус. Пред репрезентативната пауза направи мал скандал кога Маурицио Сари на натпреварот против Милан од игра го извади во 55. минута.

Тоа на Роналдо не му се допадна, се налути и веднаш замина во соблекувалната, а неколку минути пред крајот на натпреварот тој го напушти и стадионот. Роналдо сега е смирен и по прв пат проговори за тоа што се случуваше во Торино.

„Сите знааат дека не сакам кога ме вадат од игра, но немаше проблем во мојата реакција после измената. И покрај тоа што бев повреден, пробав да му помогнам на мојот тим. Никој не сака кога ќе го извадат од игра, но тоа го разбирам бидејќи не бев во добра форма“, изјави Роналдо.