„На Ракитиќ уште летоска му кажав дека е отпишан, ако сака ќе му повторам…“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ во јануари следната година речиси сигурно ќе ја напушти Барселона. Тој неколку години беше стандарден првотимец во каталонскиот клуб, но летоска тоа се промени, откако пристигна Френки де Јонг.

Спортскиот директор Ерик Абидал жестоко ги коментираше обвинувањата на Хрватот, кој порача дека не е среќен во Барселона.

„Како прво, на Ракитиќ му кажавме на време дека нема да сметаме на него, па уште летоска знаеше што ќе се случи. Клубот беше подготвен да го продаде, но тој реши да остане. Ако не ме разбра тогаш, ќе му повторам. Не е фер од Ракитиќ цела одговорност да ја префрли на Валверде“, кажа Абидал.