Ибра нема да мрдне никаде сам, неговата сопруга ќе го избере неговиот нов клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Златан Ибрахимовиќ е подготвен да се пресели во Болоња, но неговата сопруга Хелена сака да живеат во Милано.

Швеѓанецот конечната одлука ќе ја донесе во декември, кога официјално ќе му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси.

Директорот на Болоња, Рикардо Бигон кажа дека контакт со фудбалерот постои, а се претпоставува дека Ибра е подготвен да ја прифати нивната понуда, сепак тоа нема да биде толку едноставно.

Сопругата на Ибрахимовиќ сака да живее во Милано, па поради тоа можеби шведскиот напаѓач на крај ќе мора да потпише за Милан, кадешто играше ипред неколку години.

Ибрахимовиќ досега во Италија го носеше дресот на Јувентус, Интер и Милан.